Maнчестер Сити сезонава не изгледа така доминантно како во минатата, а еден човек можеби е еден од главните виновници, барем така покажуваат бројките.
Бројките велат – кога Сити игра без Гундоган победува. Вчера овој фудбалер имаше прилика од пенал да ги доведе „граѓаните“, меѓутоа Лорис излезе како победник.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сигурно дека тој не е единствениот виновник, меѓутоа бројките сугерираат дека Гвардиола можеби треба да го испрати на клупата за резерви додека не ја подигне формата.
Еве што вели статисиката. Манчестер Сити со Гундоган во првиот тим одиграл 15 натпревари и во тие натпревари четири пати „граѓаните“ изгубил, три пати одиграле нерешено и осум пати победиле. Без Гудондан во тимот, Сити одиграл десет натпревари и победил на исто така осум натпревари, два пати одиграл нерешено и нема пораз. Ова значи дека проценетот на победи со Гундоган во тимот изнесува 60%, додека без него е на високи 80%.