Реал Мадрид синоќа ја победи Барселона со 4:0 во реванш дуелот од полуфиналето на Купот.
Меѓутоа, натпреварот можеше да замине во сосема поинаков правец поради контроверзната ситуација на самиот почеток. Во третата минута, по центаршут на Гави, топката удри во раката на дефанзивецот на „кралевите“ Давид Алаба, кој беше во шеснаесетникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, судијата Хуан Мартинез Мунуера одлучи дека нема елименти за пенал, а не реагираше ниту ВАР.
Каталонците се бесни поради недосудениот пенал, бидејќи сметаат дека натпреварот можеше да се развие на сосема поинаков начин и дека се оштетени.
🙊🙉🙈 pic.twitter.com/2urdvEllKr
— ميش (@M24HD) April 5, 2023
Според поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалес, судијата донел правилна одлука во овој случај. Тој објасни дека во оваа ситуација топката удира во потпорната рака на Алаба, кој паѓа на земја. Ако ударот беше во другата рака, требаше да биде досуден пенал.
⚠️Selon Eduardo Iturralde González (ancien arbitre), il n’y avait pas penalty sur la main d'Alaba:
— 100% Liga (@FoudeLiga) April 5, 2023
👉"Ce n’est pas un penalty, c'est la main d'appui".
👉"Si c'était l'autre main, ce serait un penalty."#ElClasico | #CopaDelRey
pic.twitter.com/pIzENXMCy1