Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез денес одржа прес-конференција на која се прости од Барселона.
Искусниот 33 годишне фудбалер ќе го напушти тимот од „Камп Ноу“ после шест години и 198 постигнати голови, а кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Можеше да се забележи дека на Суарез му е тешко што заминува. Меѓутоа факт е дека е отпишан од Роналд Куман и клубот поради тоа сакаше да се ослободи од неговата голема плата.
Заедно со Бартомеу прес-конференцијата се појави претседателот Бартомеу. При едно прашање Суарез како да испрати симболична порака и го обвини претседателот.
„Се обвинуваш ли себе си за нешто?“, праша новинарот, а Суарез со главата покажа кон Бартомеу кој седеше покрај неговата десна страна после што се насмеа.
Luis Suárez deja su mensaje subliminal a Bartomeu. “¿Reprochar algo? ¿A mi? ¿O a…? (? @carrusel) #fcblive pic.twitter.com/difqFj4MfK
— Toni Juanmartí (@tjuanmarti) September 24, 2020