Јирген Клоп го потврди своето заминување од Ливерпул на крајот од сезоната, но тоа можеби нема да биде единствениот шок на „Енфилд“ бидејќи Вирџил Ван Дајк не е сигурен во својата иднина.
Договорот на Ван Дајк со Ливерпул е со важност до 2025 година и тоа не гарантира негово останување, посебно по последните случувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И самиот Ван Дајк не криеше од новинарите дека може да ја промени средината.
„Не знам дали ќе останам, тоа е тешко прашање на кое немам одговор. Во клубот ќе следи нова ера, не си заминува само тренерот туку и сите кои работеа со него. Предизвик ќе биде достојно да бидат заменети, па и самиот со нетрпение чекам да видам во кој правец ќе оди клубот. Искрено чекам да видам што ќе се случува“, изјави Ван Дајк.
Исто така во јавноста има и шпекулации околу иднината на Мохамед Салах кој како и Ван Дајк има договор до 2025.