Иднината на Алексис Санчез е главна тема во англиските медиуми, а Чилеанецот со најновата изјава само додатно ги разгоре шпекулациите за неговото заминување од Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Санчез сеуште нема постигнато договор со Арсенал за продолжување на договорот, а медиумите тврдат дека намерно тактизира бидејќи сака на крајот на сезоната да го напушти „Емирати“.
Интерес за него покажуваат бројни клубови ширум Европа, а тој самиот потврди дека Лондон е град кој му предизвикува голем стрес.
„Сакам да излезам во Лондон понекогаш да јадам или да одам на пијачка со пријателите. Меѓутоа, мене многу ми значи домот и сакам да поминувам многу време дома. Лондон може да биде многу стресно место бидејќи има толку метеж и толку многу луѓе. Рутината на еден фудбалер е исцрпувачка. Играш натпревар по натпревар, секој ден среќаваш нови луѓе и патуваш навистина многу“, изјави Санчез.
Санчез постигна 14 гола во 23 меча оваа сезона, но се уште не го убедил тимот од Лондон дека заслужил продолжување на договорот и зголемувањен а платата.