Дома Фудбал Останато Дали Санчез во саботата го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед?

Дали Санчез во саботата го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајте во саботата го совлада Саутемптон со резултат 3:2 во натпревар од 29-тото коло во Премиер лигата.

Ромелу Лукаку повторно беше херој на „црвените ѓаволи“, додека Алексис Санчез заработи повреда во второто полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера се појавија информации дека Санчез го повредил коленото, а се сомневаше дека се работи за потешка повреда на лигаментите. Денес, пристигнуваат вести од британските медиуми дека Санчез ќе биде приморан да пропушти шест до осум натпревари.

Тоа се лоши вести за Манчестер Јунајте – уште една повреда за Чилеанецот кој и онака не покажа многу иако управата на „црвените ѓаволи“ за него издвојува огромна сума.

Веќе безброј пати е напишано дека Манчестер Јунајтед проигра после заминувањето на Жозе Мурињо. Погба повторно е оној стариот, Рашфорд продолжува да воодушевува, се разбуди и Лукаку кој во последните неколку натпревари изгледа и тоа како опасно во противничкиот шеснаесетник.

Сепак, еден од оние на за кои промената на кормилото не помогна е Алексис Санчез.

sanchez

Чилеанецот во Манчестер Јунајтед пристигна пред 13 месеци од Арсенал кој го доби Микхтаријан. Меѓутоа не покажа скоро ништо, а после проблемите со повредите го стигна уште една потешка.

Поради ваквата ситуација не би било зачудувачки Манчестер Јунајтед да се одлучи да го продаде Санчез наредното лето. Санчез никако да се вклопи, а клубот на неговата плата троши вистинско богатство.

Доколку се земе во предви дека Арсенал имаше проблем со Санчез околу неговиот договор управата на Манчестер Јунајтед сигурно не сака драма во соблекувалната поради еден незадоволен играч на кој во иднината клупата му е загарантирана, барем така изгледа во овој момент.

Заинтересирани клубови за Санчез нема да недостасува, но проблем може да прави неговата плата која сигурно нема да ја добие никаде на друго место.
Чилеанецот е најплатен играч на Манчестер Јунајтед со неделни примања од 350.000 фунти.

Како што споменавме не би било зачудувачки ако Јунајтед го продаде Санчез, а ако се земе предвид дека ќе биде спремен да се врати на теренот дури за два месеци – во саботата против Саутемптон можеби го одигра и последниот натпревар за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …