Со цел да го сврти вниманието кон сопствената фудбалска лига, Саудиска Арабија се обидува да привлече се повеќе играчи од врвните европски лиги. Неодамнешниот потег дури може малку да го промени фудбалот.
Со цел да го сврти вниманието на светот кон Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман подготви национален план за развој на домашниот фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прво пустинската држава вложи пари во Њукасл Јунајтед, кој на почетокот се покажа како голем успех поради квалификациите за Лигата на шампионите.
Сега, сепак, почнуваат да инвестираат во своја лига. Минатата зима Кристијано Роналдо замина во Ал Наср, а за неколку месеци започнa жестоката офанзива на богатите Саудијци.
Ги доведоа Карим Бензема и Н’Голо Канте, а пред потпис се Едуард Менди, Рубен Невес и Хаким Зиjех.
Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Саудиска Арабија исто така се обидува да го привлече Бернардо Силва.
Тоа ќе го направи, заедно со Рубен Невес, еден од првите играчи кои ќе можат да се преселат во Саудиска Про лига за играчи до 30 години.
Не на сите им се допаѓа тоа што Саудиска Арабија сега се обидува да регрутира помлади ѕвезди од Европа.
Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер неодамна напиша на Твитер: „Не бев загрижен поради тоа што саудиската лига ги зема играчите во нивните 30-ти, бев малку загрижен за играчите под таа возраст (Невес), но ако се случи трансферот на Силва, се чувствува како промена на играта“.
Легендата на Јунајтед, Гери Невил неодамна зборуваше негативно за бројните трансфери од Премиер лигата во пустинската држава. Тој дури бара лигата да забрани трансфери во Саудиска Арабија.
Карагер напиша: „Саудијците го презедоа голфот, големите боксерски натпревари, а сега сакаат да го преземат фудбалот!!! Ова спортско перење мора да престане!“