Aрсенал подолго време се мачи и бара начин да се ослободи од Месут Озил поради неговата огромна плата.
Озил во Арсенал добива 350.000 фунти неделно и не го интересира што повеќе време поминува на трибините. Интерес за неговите услуги има, но никој не сака да му обезбеди сума ниту приближно голема како што има во Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега можеби се појави една опција. Ал Наср наводно му нуди на Озил неверојатни 20 милиони долари по сезона или во фунти околу 16.800.000 по година.
Ова е веќе сума за која Озил би можел да ог напушти Арсенал и на тој начин да ги израдува сите во Лондон. Не е деа тој ќе добие повеќе во Ријад, но сигурно ќе има подолг договор. Актуелниот со „топџиите“ му истекува во 2021 годијна и после тоа сигурно нема да може да добие таков договор. Освен ако неговиот менаџер не успее да го убеди Ал-Наср да почека уште една година.
Ќе потсетиме дека за Озил има интерес и од Фенербахче и МЛС, меѓутоа парите како од Ал Наср сигурно нема да ги добие на друго место.