Дома Фудбал Италија Дали ова е излезот од агонијата во Манчестер Јунајтед за Санчез?

Дали ова е излезот од агонијата во Манчестер Јунајтед за Санчез?

Tрансферот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед се покажа како целосно промашување.

Чилеанецот на „Олд Трафорд“ пристигна во јануари 2018 година како големо засилување, но за сезона ипол во Манчестер Јунајтед не покажа апсолутно ништо и најавите за негов трансфер стануваат се поголеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ сакаат да се ослободат од Санчез што побрзо поради огромната плата која го прави најплатен играч во клубот. Според она што сега се пишува Санчез би можел да се врати во Серија А.

Прво се шпекулираше дека бил понуден на Јувентус, но бидејќи тие во тимот немаат место нивната стара желба како потенцијален купувач се јави Интер кој наводно е спремен да постигне договор со Манчестер Јунајтед.

Интер би можел да го доведе Санчез на едногодишна позајмица за која не би платил ништо, само би покрил половина од примањата на Санчез кои изнесуваат 500.000 фунти неделно.

Ова изгледа како добра зделка за „нероаѕурите“. Санчез би можел да дојде на местото на Перишиќ кој се поврзува со заминување, а исто така ако Санчез задоволи би можеле да го откупат неговиот договор после завршувањето од сезоната.

Трансферот на Санчез во Интер за Чилеанецот би значело враќање во Серија А каде што од 2008 до 2011 година го носеше дресот на Удинезе.

Оваа сезона Санчез за Манчестер Јунајтед одигра 20 натпревари и постигна само еден гол, статистика за која малку е да се каже дека е очајна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…