Дома Топ вести Дали ова е засилувањето со кое Венгер ќе ги смири навивачите?

Дали ова е засилувањето со кое Венгер ќе ги смири навивачите?

Добри вести пристигнуваат за навивачите на Арсенал после неуспешното гостување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Арсенал вчера беше поразен од Вотфорд во рамките од осмото коло во рамките од Премиер лигата.

Сега се на шестото место на табелата со 13 освоени бодови и повторно слабо ја започнаа сезоната.

Минатото лето слабо работеа на трансфер пазарот, ги ангажираа само Колашинац и Лаказет, продаден беше Окслејд-Чемберлејн, тоа беа добри потези, но мораше Венгер да биде по активен и да ангажира барем уште неколку засилувања, резултатите сега тоа и го покажуваат.

Изгледа дека Французинот има намера грешката да ја поправи веќе во јануари и според англиските медиуми тој е спремен во своите редови да го доведе Ријад Марез од Лестер.

Алжирецот е далеку од својата форма кога со Лестер ја освои титулата во Премиер лигата, а во таа сезона беше избран и за најдобар фудбалер во англиското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…