Дома Фудбал Дали ова е дефинитивно крај? Бејл одбил да биде повикан за денешниот натпревар

Дали ова е дефинитивно крај? Бејл одбил да биде повикан за денешниот натпревар

Шпанските медиуми пренесуваат дека авантурата на Герет Бејл во Реал Мадрид е при крај, откако Велшанецот одбил да биде повикан за мечот против Леганес.

Бејл воопшто не се радуваше на освоената титула пред неколку дена, а денес дополнително ги налути фановите на Реал Мадрид.

Во составот на Зинедин Зидан за мечот со Леганес нема да биде Герет Бејл и тоа на негово барање.

Велшанецот не доби минутажа на последните шест натпревари, а со последниот потег се засилија шпекулациите за негово заминување од „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…