Дома Фудбал Дали најдобриот кошаркар на сите времиња ќе ја гледа Звезда во Париз?

Дали најдобриот кошаркар на сите времиња ќе ја гледа Звезда во Париз?

Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, престојуваше во Париз и го следеше натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Рем.

Францускиот шампион оваа сезона настапува во Мајкл Џордан опрема, бидејќи легендарниот кошаркар не успеа да се појави на официјалната промоција, „светците“ ги посети во среда.

Претседателот на клубот Насер Ал Келаифи на Џордан му го поклони дресот со број 23, а поранешниот кошаркар на Чикаго Билс имаше прилика да ужива во убедливата победа на ПСЖ од 4:1 во која голови постигнуваа Кавани (два), Нејмар и Муние.

Следната среда во Париз пристигнува Црвена Звезда, па останува да се види дали Џордан ќе го следи овој натпревар во живо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…