Спортскиот директор на Милан, Леонардо направи одличен потег во зимскиот преоден рок со ангажманот на Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек.
Двајцата беа платени по 35 милиони евра, но веднаш се вклопија во тимот и почнаа да ги оправдуваат очекувањата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пакета синоќа против Каљари го постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“, додека Пјонтек веќе четвртиот на последните три меча.
Пјонтек головите против Рома и Наполи ги постигна токму на асистенција на Пакета, па навивачите веќе почнаа да ги споредуваат со легендарниот тамдем, Кака – Шевченко.
Премногу е рано да се прават споредби со вакви легенди, но ако по утрото денот се познава, Милан доби две големи засилувања.