Екипата на Пари Сен Жермен вчера славеше во дербито со Олимпик Марсеј со 2:0, а по овој натпревар одново во центарот на вниманието беше Килијан Мбапе.
Мбапе не постигна гол и покажа незадоволство (ТУКА) кога Енрике го замени во второто полувреме. Францускиот голгетер во последните седум натпревари заврши само еден натпревар, а тоа веројатно е така поради неговото заминување од ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Заминувањето вчера по натпреварот можеби и го најави Мбапе со една фотографија на социјалните мрежи. Французинот објави фотографија на која се гледа како го напушта теренот и во рака ја држи капитенската лента.
La photo de Mbappé sur Instagram ? 🤔
— SimpleFoot (@SimpleFoot__) April 1, 2024
Mystérieux.. 😬 pic.twitter.com/mise3KsKRk
На прес-конференцијата Енрике доби прашање за замената на Мбапе, а тој одговори дека таквите прашања веќе му се досадни