Реал Мадрид го победи РБ Лајпциг со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Победничкиот гол беше ремек дело на Брахим Дијаз, фудбалер се најде во првиот тим на местото на повредениот Џуд Белингем.
Лајпциг веќе поведе во 2. минута со голот на Бенјамин Шешко, но набрзо судијата Ирфан Пељто покажа дека е во комуникација со ВАР и по неколку моменти го поништи голот поради офсајд.
Засега нема официјално објаснување зошто овој гол е поништен, но очигледно во ВАР просторијата каде што седат холандските судии процениле дека фудбалерот кој беше покрај голманот на Реал во моментот на додавањето влијаел на играта.
@lohandihlhz Y’a t-il hors jeu selon vous ? 🤔 #foot #liguedeschampions #realmadrid #leipzig ♬ son original – Cartoon21