Лестер со 1:0 го победи Ливерпул, а трагичар на „црвените“ беше Мохамед Саллах, кој промаши пенал во 15-та минута.
Ова за Салах беше прв промашен пенал после четири години, од октомври 2017 година, а како една од причините за тоа зошто Египќанецот го промаши пеналот се посочува Џејмс Мадисон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчот на Лестер нешто му дофрли на Салах, и тоа непосредно пред голгетерот на Ливерпул да го шутира пеналот.
Salah owners, blame James Maddison. #LEILIV pic.twitter.com/x6wPP7kKEJ
— Fantasy Football Ninja (@FFNinja_) December 28, 2021
Иако јасно се гледа дека Мадисон се обидува да го деконцентрира Салах, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, воопшто не верува дека неговиот играч бил деконцентриран.
„Мадисон сигурно нешто му кажа на Салах. Сепак, тоа не е проблем. Не може да го дефокусира Салах. Едноставно се случува и да се промаши пенал“, рече Клоп.