Дома Фудбал Дали дојде време Атлетико и Симеоне да се разделат?

Дали дојде време Атлетико и Симеоне да се разделат?

Атлетико Мадрид синоќа одигра реми со Леверкузен и беше елиминиран од Лигата на шампиони уште во групната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така Шпанија остана само со еден преставник во осминафиналето, а шпанските медиуми упатија големи критики кон тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне.

Атлетико е во голем пад на резултатите во последно време, а и скапите засилувања како Жоао Феликс не ги оправдаа очекувањата.

Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите се прашуваат дали е време Атлетико Мадрид и Симеоне да се разделат.

„Најтежок момент во мојата тренерска кариера по двете финалиња во Лигата на шампионите. Тежок и неочекуван момент за проектот што го имаме во клубот. Ова е втор пат во последните десет години да испаднеме од групата. Не го планиравме тоа, но тоа е реалноста“, изјави Симеоне.

Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година и е најплатен тренер во светот, а во клубот е од 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инцидент на Мундијалот за време на минутата молк за жртвите во земјотресот (Видео)

За време на минутата тишина на Светското првенство, навивачите на Шпанија и Уругвај предиз…