Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеле го привлече вниманието откако откри кој му е омилен тренер.
Во моментов иднината на Дембеле во Барселона е главна тема бидејќи се уште нема ставено потпис на нов договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барселона му нуди договор до 2025 година, но Дембеле на лето влегува по последната година од договорот и може да биде продаден.
„Томас Тухел е мојот омилен тренер. Под негово водство играв повеќе на десната страна, сè додека не бев префрлен на позиција десет. Да останеше во клубот, ќе одбиев да ја напуштам Борусија Дортмунд“, изјави Дембеле.
Тухел моментално е тренер во Челзи, клуб кој е заинтересиран за услугите на Французинот.