Дома Фудбал Дали Барселона беше оштетена во Неапол: Се појави видео кое во ВАР собата не го ни погледнале

Дали Барселона беше оштетена во Неапол: Се појави видео кое во ВАР собата не го ни погледнале

Фудбалерите на Барселона синоќа ремизираа на гостински терен против Наполи (1:1) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа еден детал од 75. минута кога Виктор Осимхен постигна гол за домашната екипа.

Каталонците сметаа дека голот требало да биде поништен поради прекршок, а сега се појави видео на кое јасно се гледа се.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона жестоко реагираа кон судијата, сметајќи дека голот не требало да биде досуден бидејќи Осимхен направил прекршок над Иниго Мартинез.

Судијата доби информација од ВАР-собата дека се е чисто и покажа на центарот, но кога се појави видеото од друг агол, многумина рекоа дека судиите направиле голема грешка на штета на Барселона.

Камерата која се наоѓаше зад голот на Барселона го фати деталот кога Осимхен пред да ја прими топката го оттурна дефанзивецот на гостите и очигледно го фаулираше, а потоа успеа да го совлада Тер Штеген за 1:1.

Оваа снимка не беше прегледана во ВАР собата, поради што се чинеше дека нема прекршоци. Меѓутоа, кога повторно беше прикажана снимката, на многумина им беше јасно дека ситуацијата е многу сомнителна.

Од Барселона упорно им кажуваа на судиите дека се работи за фаул, а најгласен беше токму Мартинез, кој на крајот доби жолт картон поради протестирање, а голот на Наполитанците беше признаен.

Видеото од другиот агол на дуелот помеѓу Осимхен и Мартинез можете да го ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА и сами да процените дали голот требало да биде признаен.

Alternate angle of Inigo’s “slip” leading to the goal
byu/AnOrdinaryBozo inBarca
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…