Селекторот на Канада, Џон Хердман после мечот со Белгија малку се занесе и даде скандалозна изјава.
„Само што им кажав на моите фудбалери дека докажаа дека припаѓаат да бидат дел од Мундијалот. Сега одиме да ги еб*ме Хрватите. Тоа е следната наша мисија “, изјави Хердман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не се чекаше долго на одговор од хрватскиот селектор Далиќ, кој изјави дека тоа ќе биде додатна мотивација за неговиот тим.
„Видов што изјави мојот колега, секој има свој начин на комуникација, а тој се изрази како што се изрази. Не знам дали тоа беше убаво, а на нас е да покажеме на теренот дека сме подобри. Ќе ги искористам неговите зборови за дополнително да го мотивирам тимот за да ги прагазиме спортски на теренот“, изјави Далиќ.