Бразилецот се огласи на друштвените мрежи после контроверзната елиминација од Лигата на шампионите.
Во вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, „старата дама“ се до последните секунди од натпреварот имаше резултат кој и обезбедуваше дополнителен половина час игра. Сепак, во третата минута од судиското продолжение судијата Мајкл Оливер досуди пенал во корист на клубот од Мадрид и поради приговор го исклучи Буфон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо најстрогата казна ја претвори во погодок и ги одведе „кралевите“ во ново полуфинале, додека Јувентус ќе мора да се помири со елиминацијата.
Еден од најдобрите во вчерашниот натпревар на „Бернабеу“, крилниот играч Даглас Коста се огласи преку својот Инстаграм профил.
„Горд сум и почестен што сум дел од семејството на Јувентус. Пред околу една година одлучив да се преселам во Торино и тоа беше најдобрата одлука која ја донесов во мојот живот. Им благодарам на овие војници кои се борат на секој натпревар, им благодарам на навивачите кои се секогаш тука за нас“.
„За жал некои работи се случуваат и не можеме да разбереме зошто. Но нашата борба продолжува, ќе се обидеме да го освоиме првенството и купот. Сон е да се биде тука и да се дава се од себе. Ви благодарам на сите“, напиша Коста под фотографијата поставена неговиот Инстаграм профил.