Дома Фудбал Давид де Геа со нов личен рекорд: Не е лошо!

Давид де Геа со нов личен рекорд: Не е лошо!

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, кој вчера за првпат ги изведе „црвените ѓаволи“ со капитенската лента, постигна личен рекорд.

Против Борнмут, Шпанецот по 21-ви пат ја зачува чиста својата мрежа и не прими гол, што е негов личен рекорд откако пристигна во Манчестер Јунајтед.

Само во Премиер лигата Де Геа пак веќе има 17 натпревари, во кои не примил гол оваа сезона, или три повеќе од голманот на Манчестер Сити Едерсон, кој е втор.

Вчера Де Геа се најде во идеалниот тим на сезоната во Премиер лигата, избран од страна на Здружението на професионални фудбалери во Англија. Тој е и меѓу номинираните за играч на сезоната.

После натпреварот Шпанецот се огласи на Твитер со кратка порака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…