Дома Македонски спорт Мак фудбал Давид Бошески и Љупче Јанкулов ја засилија одбраната на Кит-Го Пехчево

Давид Бошески и Љупче Јанкулов ја засилија одбраната на Кит-Го Пехчево

Фудбалерите на Кит Го продолжуваат со подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток веќе од 14. јули реализирајќи ја и втората фаза во Пехчево.

По првичните тренинзи во Штип, шефот на стручниот штаб Емил Грнев со екипата е во својата база во Пехчево каде е планирано одигрување и неколку пријателски натпревари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Паралелно со подготовките тече и засилувањето на тимот за новата сезона. Нови фудбалери се младинскиот репрезентативец Давид Бошески кој доаѓа од екипата на Њу Старс, како и Љупче Јанкулов од Кожуф. И двајцата треба да ја засилат дефанзивната линија на тимот.

Во составот од претходно е приклучен и младинскиот репрезентативец Јонуз Рушту кој пристигна од редовите на Работнички. 

Првиот пријателски натпревар на Кит Го ќе биде против Слога Виница на 24. јули, а потоа ќе следат и тест дуелите со Осогово, Трајал Крушевац и Детонит. Генералката пред стартот на сезоната е закажана за 14. август против струмичка Беласица.

Фото: ФК Ки-Го Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…