Дома Македонски спорт Давид Бабунски направи трансфер во Унгарија

Давид Бабунски направи трансфер во Унгарија

Давид Бабунски кариерата ќе ја продолжи во Унгарија, денес беше реализиран неговиот трансфер во Дебрецен.

Поранешниот македонски репрезентативец потпишал договор на две години со еден најстарите унгарски клубови. Дебрецен кој во историјата седум пати бил шампион, минатата сезона беше во втората лига, но сезонава се врати и сака веднаш да се вмеша помеѓу најдобрите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бабунски како што е познато во младинските категории беше дел од Барселона, а потоа играше за Црвена Звезда, Јокохама, Омија, Ботошани и Витроул Констанца.

Ќе потсетиме во Унгарија пред Бабунски летово се преселија Никола Серафимов кој потпиша за Залагерсег, а денес му се придружи и Миловановиќ. Претходно Стефан Јевтовски од Работнички направи трансфер во Ујпешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…