Шпанецот Едуардо Гурбиндо се подготвува за епизодата која го чека во Вардар.
Со Шпанија Гурбиндо дојде до бронзениот медал на Летните Олимписки Игри, а сега раскажа низ каков турбулентен период поминал во изминатите месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Брзо дојдоа многу промени, тоа е лудо! Заминав од Нант и се подготвував за ЛОИ, се уште не знаев дали ќе добијам повик…Во мај размислував што ме чека, но одев ден по ден, не планирав премногу. Сега чекам прво да ги видам мојата сопруга Елена и моето дете Лиам. Сакам да го ставам медалот околу неговиот врат и да направиме фотографија“, изјави Гурбиндо за шпанските медиуми.
Вардар веќе ги стартуваше подготовките, а денес игра и меч со Еурофарм Пелистер во Суперкупот, Гурбиндо ќе се приклучи нешто подоцна.