Дома Фудбал Гундоган: Трагедија е што се уште не сме ја освоиме ЛШ

Гундоган: Трагедија е што се уште не сме ја освоиме ЛШ

Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган го определи како трагедија фактот што неговиот тим се уште не ја освоил титулата во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ изминатите години секогаш доаѓаа до завршницата, еднаш загубија и во финалето, а главна цел и оваа сезона е титулата во најпрестижниот турнир.

„Последните неколку години сме елиминирани на трагичен начи, но не треба да жалиме многу. Најважното нешто што го научивме е дека секоја најмала грешка во овој турнир се казнува. Дали сме во четвртфинале, полуфинале или финале, едноставно немаш право на грешка“.

„Играњето во финале беше одлично, без оглед што загубивме. Ние секогаш извлекуваме лекција од поразите, но мислам дека е трагично што се уште не сме ја освоиме Лигата на шампиони“, изјави Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…