Манчестер Сити по само една година го врати во своите редови Илкај Гундоган.
Гундоган помина една сезон во дресот на Барселона, а сега се враќа на „Етихад“ каде што повторно би можел да биде еден од поважните фудбалери во тимот на Пеп Гвардиола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот од средниот ред не го криеше задоволството по враќањето во клубот.
„Навистина сум среќен што повторно ги гледам соиграчите, персоналот и луѓето со кои поминав повеќе од седум успешни години. Кога сте на друго место подолго време како што јас бев една година уште повеќе го цените клубот. Се вратив во најдобриот клуб во светот“, изјави Гундоган.
Во редовите на Манчестер Сити, Гундоган се враќа како слободен играч откако го раскина договорот со Барселона.