Дома Останати Кошарка НБА Милвоки на победа од финале на Истокот, Хјустон изедначи против Голден Стејт (ВИДЕО)

Милвоки на победа од финале на Истокот, Хјустон изедначи против Голден Стејт (ВИДЕО)

Милвоки Бакс славеа како гости протв Бостон Селтикс со резултат 101:113 и на тој начин стигнаа до водство од 3:1 во полуфиналната серија.

После изедначениот вовед во натпреварот, кошаркарите на Бостон остварија предност во финишот од првиот период. Беше тоа многу добар период на игра на домаќините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Кајри Ирвинг одлично му одеше, а во еден момент Бостон имаше и плус 11. Сепак, со звукот на сирената Пет Конагхтон погоди тројка со која Бакси стигнаа на минус осум (30:22).

Водека Селтикси во поголемиот дел од втората четвртина. Меѓутоа Бакси не дозволуваа да се одлепат на поголема разлика. На три ипол минути до крајот Ерсан Илајсов после долго време погодува за изедначување, за потоа Крис Миделтон да погоди три слободни фрлања за предност на Бакси од 41:42, прво уште од воведните минути од натпреварот.

Интересно е што Миделтон и првиата ѕвезда на Милвоки Јанис Антетокумпо многу брзо заработија четири лични грешки, па добар дел од третиот период се играше без нив. Тоа не ги спречи Бакси да играат одлично.

Го добија третиот период со 23:33 во последната четвртина влегоа со осум поени предност 72:80.

Во последната четвртина Бакси одново беа одлични, Бостон најмногу се закануваше преку Ал Хорофорд, но сили за пресврт немаа. Така Милвоки во среда ќе има прилика да ја заврши серијата и да помине во финалето на Истокот.

Јанис Антетокумпо одигра уште еден одличен натпревар во кој постигна 39 поени и запиша 16 скокови. На другата страна Кајри Ирвинг уфрли 23 поени, но имаше очаен шут од игра (7/22).

https://www.youtube.com/watch?v=B_9Sevtd-4U

Кошаркарите на Хјустон нанесоа уште еден пораз на Голден Стејт (112:108) и изедначија во серијата на 2:2.

После два порази во „Оракл Арената“ Хјустон успеа да добие уште еден натпревар на свој терен и сега резултатот е изедначен.

Хјустон брзо го превзема водството и го држеше до првиот дел од четвртината, но гостите сепак во последните минути успеаа да ги свратат работите во своја корист и стигнаа до предност од три поени.

Третата четвртина донесе одлична игра на домаќините кои стигнаа до двоцифрена разлика и ја имаа се до самиот финиш од натпреварот кога Голден Стејт дојде на минус четири. Сепак, кога и Голден Стејт да се приблежеше Хјустон успеваше да се одлепи на поголема разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Харден со 38 поени и 10 скокови, кај Вориорси Кевин Дурант уфрли 34, а Стеф Кари 30 поени.

https://youtu.be/k1PfFUGnDpQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Куман објави список од 30 фудбалери на Холандија за Европското првенство

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман го објави списокот на фудб…