Дома Останати Кошарка Гробари ја шокираа Србија. Со големи транспаренти го навредуваа својот омилен добротворец

Гробари ја шокираа Србија. Со големи транспаренти го навредуваа својот омилен добротворец

НИКОЛА МИРОТИЌ (32) е Србин од Црна Гора со шпанско државјанство и најскапиот кошаркар во Европа, кој минатата сезона во Барселона заработи дури 5 милиони евра и зад себе има забележителна НБА кариера.

Тој летово требаше да дојде во Црвена Звезда. Таа му понуди 2,7 милиони евра по сезона. Но, тогаш работата ја расипа најголемиот ривал Партизан, кој за истиот период му понуди на Миротиќ многу повеќе, 3,5 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Миротиќ потоа му даде збор на Жељко Обрадовиќ да се пресели во Партизан и кога се очекуваше дека ќе дојде таму во сензационален трансфер, на огромно изненадување, Миротиќ наместо еден од белградските гиганти го избра Армани Милано.

Со тоа ја шокираше српската јавност каде е една од најомилените личности. Имено, Миротиќ е голем добротворец и дарител на сиромашните, тесно поврзан со СПЦ.

Ова е важно да се нагласи бидејќи поради новиот и последен потег што го направи, тој се обрати до српската јавност во долго отворено писмо во кое како причина за недоаѓањето во Звезда или Партизан ги наведе заканите, како и притисокот врз него изложени од високи политички и црковни кругови.

Врвот беше кревањето на три големи транспаренти во толпата ултраси на Партизан. На првата тие на Миротиќ му го поставиле прашањето: “Čiji poziv je preči od obraza i date riječi?”

На втората беше цитат од најпознатиот Црногорец, Петр Петровиќ Његош: “Strah životu kalja obraz često…”

И на крајот порака до Митровиќ: “Da nisi pi*ka najveća na svetu, večeras bi bio na parketu!”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ решава за сѐ во Денвер: Тренерот го вклучи алармот и ја нападна управата на клубот

Во Денвер ништо не функционира и сега одлучија сѐ да стават на грбот на Никола Јокиќ. Очек…