Дома Останати Кошарка Гркот кој му се закани на Антиќ дека ќе го убие итно бил примен во болница

Гркот кој му се закани на Антиќ дека ќе го убие итно бил примен во болница

Софокле Скорцанитис, екс-грчкиот кошаркар завчера бил примен во болница во Грција и тоа во лоша стојба.

Според информациите на грчките медиуми тој имал висок крвен притисок и веднаш морал да биде хоспитализиран. Не е потврдено, меѓутоа се пишува дека причина за проблемите кои ги има е откажувањето на еден бубрег. Во следните денови се најавени повеќе испитувања по што со сигруност ќе се знае за што се работи.

Инаку, првите сеќавања на повозрасната македонска публика се заканите за убиство кон актуелниот прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

Инцидентот се случи во 2013 годфина кога Софокле играше за Панатиниакос, а Антиќ за Олимпијакос.

Нервозен од случувањата на теренот, по натпреварот Софокле порача.

„Антиќ е мртов човек, кажете му дека ќе го убијам“, гласеше тогаш изјавата на грчкиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…