Милош Теодосиќ одлично ја започна својата прва сезона во НБА лигата, но и заработи повреда.
Да потсетиме, Теодосиќ при доскокот падна на ногата на Девин Букер и го свитка зглобот, по што заврши на паркетот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првите прегледи за среќа покажаа дека лигаментите за среќа не се оштетени, но дека е во прашање тетивата која ја спојува петата со прстите. Според првите проценки, Србинот ќе паузира четири недели.
За повредениот соиграч за американските медиуми зборуваше и Блејк Грифин кого го нарече Србинот, незаменлив.
„Мораме сите да го поделиме овој терет. Милош не можете да го замените. Ниту пак неговата визија, начинот на кој игра и додава. Но, некако ќе успееме да се снајдеме. Разговарав со него во саботата и се видовме. Ќе биде добро, беше расположен. Кога ќе се повредите секогаш ви изгледа како да сте во подножјето на една планина која треба да ја искчаите“, изјави Грифин.