Скапото засилување на Манчестер Сити, Џек Грилиш призна дека во бил многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.
На крајот тој трансфер пропадна, а Грилиш се пресели во Манчестер Сити за 100 милиони евра ова лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Бев многу блиску до трансфер во Јунајтед, но на крајот не се реализираше. Имавме договор со Јунајтед, но откако пропадна трансферот му кажав на директорот дека ќе потпишам нов договор со Астон Вила“.
„Брзо се договоривме со клубот и ставив потпис на договор кој беше од полза за сите. Поставивме откупна клаузула од 100 милиони, а тоа значеше дека ако некој клуб изрази желба да ја плати, значи навистина вредам и играм добро“, откри Грилиш.
Грилиш одлично се вклопи на „Етихад“, а вечерва за прв пат ќе игра против својот поранешен клуб Астон Вила.