Дома Фудбал Гризман, Симеоне и уште тројца позитивни на Ковид

Гризман, Симеоне и уште тројца позитивни на Ковид

Атлетико Мадрид исто така е погоден од коронавирусот и во моментов кај „јорганџиите“ има пет позитивни случаи.

При последните тестирања позитивни тестови дале тренерот Симеоне, потоа Антоан Гризман, Жоао Феликс, Коке и Ектор Ерера. Петмината немаат симптоми и се ставени во карантин.

Атлетико Мадрид во недела треба да се сретне со Рајо Валјекано, клуб што е најмногу погоден од коронавирусот.

Во Примера рапидно е зголемен бројот на позитивни на Ковид, па овој меч може да биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проектил од 20 метри го урна Шангај на Милојевиќ

Ширасаки со спектакуларен погодок ѝ донесе победа на Мачида од 1:0, а Шангај Шенхуа го пре…