Дома Фудбал Англија Гризман не заборава: Чекав и чекав, а Венгер ме изневери!

Гризман не заборава: Чекав и чекав, а Венгер ме изневери!

Гризман летово беше на прагот на трансфер во Манчестер Јунајтед, но се предомисли во последен момент.

Францускиот напаѓач не сакаше да го напушти Атлетико Мадрид бидејќи овој шпански клуб е под суспензија за доведување на нови играчи до јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот одлучи да остане во Атлетико со кој потпиша нов договор, и одби да заигра на „Олд Трафорд“. Сепак, се повеќе се зборува дека Гризман веќе во јануари ќе ги спакува куфеирте и кариерата ќе ја продолжи кариерата во Барселона која го посакува овој напаѓач.

Меѓутоа, во шпанските медиуми постојано се споменува дека Арсенал покажал интерес за Гризман, но трансферот би се реализирал на крајот од сезоната. Но, Гризман ја одби таа можност и објасни зошто никогаш не би потпишал за лондонскиот клуб.

„Кога бев во Реал Сосиједад летото 2013. година, имав неколку понуди, но слушнав дека ме сака Арсенал. Му кажав на агентот се да стопира и да ја чека понудата од Венгер бидејќи тој ме уверуваше дека ќе ме донесе. Чекавме до последен момент, а потоа добив порака дека се откажуваат од трансферот“, истакна Гризман и продолжи:

„Чекав и чекав, но добро ме зезна. Не сакам кога луѓето нешто ќе ветат, а потоа ме изневерат. Подоцна агентот повторно ме извести дека Арсенал се распрашува за мене, но му порачав да им каже да ме заборават бидејќи не сакав да ме изневерат. Поради тоа повеќе не ме интересира Арсенал“.

Интересно е што тоа лето на „Емирати“ пристигна Месут Озил како големо засилување. Исто така Венгер се откажа од Гризман бидејќи донесе одлука дека може како подобро решение да го донесе Саного. Се останато е историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…