Дома Топ вести Гризман можеш да одиш…Атлетико го договорил – „Ел Матадор“!?

Гризман можеш да одиш…Атлетико го договорил – „Ел Матадор“!?

Атлетико Мадрид ќе даде се од себе да го задржи Антоан Гризман пред налетот на Барселона, му понуди подобар финансиски договор, ветување за нови засилувања во клубот, но…Ако Французинот сепак прифати да се пресели на „Ноу Камп“ за што шансите се големи, „јорганџиите“ веќе му имаат спремено замена – и тоа каква!

Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико Мадрид има вербален договор со Едисон Кавани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквата вест за оние кои ги следат случувањата во Мадрид подолго време и не е големо изненадување. Симеоне уште во 2015 година се обидуваше да го доведе Уругваецот, но во тие моменти неговиот трансфер не беше реален, па Атлетико тогаш го доведе Џексон Мартинез кој брзо беше продаден.

Сега ситуацијата е поинаква. Со доаѓањето на Нејмар во ПСЖ се промени и статусот на Кавани во Париз. Шансите да го напушти „Паркот на Принцовите“ се големи, па можеби конечно Симеоне има прилика да ја реализира својата желба.

Во медиумите се наведува дека во обидот на Симеоне му помагаат сонародницте на Кавани, Диего Годин и Хозе Марија Химене, покрај тоа адвокатот кој го застапува Годин е и правен застапник на напаѓачот.

Кога е сумата во прашање се очекува околу 60 милиони евра да бидат доволни за „светците“ да се согласат да го продадат. Парите нема да бидат проблем со оглед на тоа дека Барса би ја платила клазулата за Гризман која изнесува 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …