Дома Трансфер зона Гризман го избра својот нов клуб и ги шокира сите!

Гризман го избра својот нов клуб и ги шокира сите!

Антоан Гризман наредното лето сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид, се знае и сумата, 100 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Минатото лето Гризман се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но остана бидејќи Атлетико имаше забрана за трансфери, па не можеше да најде негова замена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се очекуваше дека наредното лето Гризман ќе се пресели на „Олд Трафорд“ сепак Французинот се предомисли, сака да остане во Шпанија, а негов приоритет е Барселона.

Барселона веќе стапила во контакт со неговите менаџери, но доби услов, да му гарантира на Гризман дека ќе биде стандарден.

Шпанските медиуми тврдат дека Барселона е спемна дури да го продаде Суарез, кој веќе наполни 30 години и игра се послабо.

Сепак, Гризман се плаши од влијанието на Меси, па поради тоа бара гаранции. Французинот може да игра и по крилните позиции, но Валверде тука ќе го форсира Дембеле во кого многу верува.

Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата, но медумите во Шпанија се сигурни – Гризман ја избра Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…