Дома Фудбал Гризман во четвртфиналето ќе игра против – кумот на неговата ќерка

Гризман во четвртфиналето ќе игра против – кумот на неговата ќерка

Франција во најдобриот осминафинален натпревар досега на Мундијалот ја победи Аргентина со 4:3 и така обезбеди место во четвртфиналето каде што ќе се сретнат против селекцијата на Уругвај.

Четвртфиналето против Уругвајците ќе биде посебен натпревар за еден од најдобрите играчи на Франција, Антоан Гризман.

Имено, Гризман на оваа средба ќе игра против кумот на неговата најмала ќерка – Диего Годин.

Оваа информација ја потврди самиот напаѓач.

„Диего е мој многу добар пријател, со него се дружам и на теренот, но и надвор од него. Колкаво е нашето пријателство доволно зборува тоа што тој ја крстеше

мојата најмала ќерка. Овој натпревар ќе биде емотивен за мене. Освен што Диего е мој пријател, Уругвај е земја која навистина ја почитувам“, изјави Гризман.

Натпреварот помеѓу Уругвај и Франција се игра во петок со почеток во 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…