Дома Фудбал Лига на шампиони Грижи за Спалети: Двајцата Хрвати под голем знак прашалник за Барселона

Грижи за Спалети: Двајцата Хрвати под голем знак прашалник за Барселона

perisic brozvoc

Хрватските репрезентативци, Марсело Брозовиќ и Иван Перишиќ се под сериозен знак прашалник за настап против Барселона во Лигата на шампионите.

Пред Интер е најтешкиот натпревар во досегашниот дел од сезоната. Во среда на „Камп Ноу“ во третото коло од Лигата на шампионите ќе се сретне со Барселона. За оваа средба Спалети би можел да остане без услугите на хрватскиот двоец, Брозовиќ – Перишиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата Хрвати заработи повреди на мускулот во вчерашното дерби против Милан. Перишиќ натпреварот го напушти на 20 минути пред крајот, додека Брозовиќ ги одигра комплетните 90 минути.

„Тешко ќе биде да се припремие за Барселона во само три дена. Тешко од повреда ќе се опорават играчи како Перишиќ и Брозовиќ кои ќе мораат да бидат испратени на дополнителни прегледи. Барселона е технички силен тим, Милан од друга страна е агресивен тим и тоа што игравме со нив пред Барселона воопшто не оди во наш прилог.

Брозовиќ уште на полувремето почуствува проблемо, но инсистирав да остане во игра. Неговото присуство на теренот ни помогна да останеме цврсти во средината и да ги освоиме трите бода“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…