Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн е блиску ди потпишување нов договор со клубот, пренесуваат медиумите на Островот.
Преговорите постигнаа значителен напредок во последните денови и наскоро се очекува белгискиот репрезентативец да потпише со „граѓаните“ до 2025 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Актуелниот договор на Де Брујн истекува во 2023 година, но раководството сака да го продолжи и му нуди поголема плата на Белгиецот, односно 300.000 фунто неделни плус бонуси.
Преговорите со агентите на Де Брујн започнаа на крајот на минатата сезона. Се уште нема конечен договор, но постои желба за повторно потпишување од двете страни.
Кевин Де Брујн е само првиот на списокот играчи што Манчестер Сити сака да ги награди со нов договор за нивната лојалност во периодот кога на клубот му се закануваше исфрлање од Лигата на шампионите на две сезони.