Интер влезе во серија на лоши резултати, го загуби третото место на табелата, па јасно е дека „нероаѕурите“ мораат што побрзо да реагираат.
За да се врати на правиот пат Интер има потреба што побрзо да го изгледи односите со поранешниот капитен Мауро Икарди, кој е надвор од тимот откако му беше одземена капитенската лента.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред мечот со Каљари, тренерот Спалети испрати силна порака до Икарди и изјави дека нема да зборува за играчите кои не се во тимот, по што следеше одговор на Аргентинецот преку Инстаграм.
Сепак, јасно е дека ваквата ситуација не му одговара на никого и Интер има потреба од Икарди на теренот, па медиумите во Италија пренесуваат дека следната недела ќе има средба во четири очи со цел да се реши ситуацијата пред мечот со Ајнтрахт во Лига Европа и големото градско дерби со Милан.
Во меѓувреме градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, кој е деклариран навивач на Интер порача дека сака да го види Икарди на терен во дербито „Дела Мадонина“.
„Сакам да го видам Икарди на терен во дербито! Иако признавам дека не сум голем оптимист. Сето ова што се случува меѓу Мауро и Интер ме прави тажен“, изјави Сала.
Миланското дерби на програмата е на 17-ти март, а во моментов разликата меѓу двата тима на табелата е само еден бод, со тоа што „росонерите“ минатото коло успеаа да се искачат на третото место на табелата, па сега Интер е четврти.