Дома Фудбал Останато Го сруши Јунајтед, па му се оствари сонот: Од 5-та лига до репрезентација!

Го сруши Јунајтед, па му се оствари сонот: Од 5-та лига до репрезентација!

Името Висам Бен Једер ретко се наоѓа на насловните страни на угледните спортски магазини, па иако синоќа блесна на најголема сцена, неговиот сјај го „замаглија“ некои други.

Бен Једер синоќа влезе во игра во 72-та минута против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, па на 28-годишниот напаѓач потребни му беа само шест минути за да постигне два гол и да ја однесе Севиља во четвртфиналето од ЛШ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За жал, тема на денот денес е дебаклот на „црвените ѓаволи“, а не успехот на Севиља, па двата гола на Бен Једер останаа во сенка на лошата партија на скапите ѕвезди на Јунајтед.

Вториот стрелец во Лигата на шампиони оваа сезона со осум постигнати гола Бен Једер својот животен пат го почна во еден сиромашно предградие на Париз по име Сарчелес.

Фудбалот за него од мали нозе претставуваше бегство од тешкото детство, исто како што беше тоа и за неговиот голем пријател Ријад Марез.

Професионалниот фудбал беше далеку за Бен Једер, а занаетот го учеше играјќи футсал во тимот на Дижон, со кого како 20-годишно момче стигна до второто место во француската Футсал лига. Запиша и два настапи за француската футсал репрезентација, а потоа доби шанса да се проба со „голем“ фудбал во петтолигашот Алфортвејл.

Потоа Бен Једер добива вистинска шанса во Тулуз, каде набрзо прераснува во ударна игла на тимот и го престигна Жињак како најдобар стрелец на овој клуб во 21-от век. После постигнати повеќе од 60 гола за Тулуз, Бен Једер во 2016 година прави трансфер во Севиља.

Бен Једер е син на емигрант од Тунис и веќе три пати го одбиваше повикот од репрезентацијата на оваа земја. Со тоа тој го одби и настапот на Мундијалот во Русија со оглед на фактот дека Тунис се пласираше на СП.

Најголемата желба на Бен Једер беше повик во репрезентацијата на Франција, својата родна земја, а тој повик конечно стигна денес.

Имено, сепекторот Дешамп го повика играчот на Севиља за престојните пријателски натпревари против Англија и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…