Барселона го официјализираше трансферот на Пабло Торе од Расинг Сантандер.
Пабло Торе игран а позицијата офанзивен играч за врска има 19 години и многумина го споредуваат со Педри кој блескаше изминатата сезона. Барселона за неговите услуги плати пет милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне вредност од 20 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во неговиот договор поставена и откупна клазула од 100 милиони евра. Неодамна Торе даде изјава во која потврди дека имал понуда и од Реал Мадрид.
„Вистина е дека имав понуда од Реал кој ми нудеше повеќе пари, но мојот сон е само Барселона“, изјави Торе.
Неговиот договор е со важност до 2026 година и поради формланости ќе биде регистриран во Барселона Б, но предсезоната ќе ја помине со првиот тим.
Welcome to Barcelona!
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 15, 2022
💙❤ @Pablo_Torre10 pic.twitter.com/m830LJH9S1