Дома Фудбал Го сакаа Јувентус и Манчестер Сити – дали со оваа тетоважа им испрати јасна порака? (ВИДЕО)

Го сакаа Јувентус и Манчестер Сити – дали со оваа тетоважа им испрати јасна порака? (ВИДЕО)

Интересен потег на талентираниот Португалец.

Рубен Невес игра фантастично. Пристигна во Вулверхемптон во 2017 година за 15.8 милиони фунти и веднаш покажа за каков играч се работи.

Беше еден од најважните играчи во доминацијата на Вулвс минатата сезона во Чемпионшип. Слична е ситуацијата и оваа сезона, Невес со своите настапи го привлече вниманието на бројни клубови.

Како главни фаворити се издвојуваа Јувентус и Манчестер Сити. Се споменуваа големи суми, а неговиот најнов потег не е добра вест за заинтересираните клубови.
Имено, Невес на својата лева рака истетовира волк.

Познато е дека огромен број фудбалери се тетовираат, но ваков симбол можеби значи нешто за фудбалерот.

Дали навистина е решен да остане, останува да покаже периодот кој следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…