Дома Фудбал Го сакаа Барселона и Дортмунд, тој реши да остане во Леверкузен

Го сакаа Барселона и Дортмунд, тој реши да остане во Леверкузен

Ѕвездата на Леверкузен, Патрик Шик реши да остане верен  на својот клуб и покрај големиот интерес од европските гиганти.

Чешкиот напаѓач денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „фармацевтите“ до 2027 година.

После одличната сезона во Бундеслигата каде постигна 24 гола и 5 асистенции, Шик го привлече интересот на многу клубови, а најсилен интерес покажаа Барселона и Борусија Дортмунд.

Меѓутоа, голгетерот ги одби сите понуди и реши да остане во Леверкузен, каде следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…