Дома Трансфер зона Го сакаат Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ, а сега се огласи неговиот агент

Го сакаат Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ, а сега се огласи неговиот агент

alison

Еден од најбараните голмани на денешницата сигурно е чуварот на мрежата на Рома, Алисон.

Бразилецот е фантастичен на голот на „волчицата“ оваа сезона и сигурно помеѓу еден од најдобрите во светот, а интерес за неговите услуги до сега покажаа Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По повод интересот од големите европските клубови за италијанските медиуми зборуваше неговиот агент, Зе Марија.

Алисон во овој момент е еден од најдобрите голмани во светот, па не е чудно што за него интерес покажаа Реал Мадрид, Ливерпул и ПСЖ“.

„Целосно е посветен на Рома, 100% е тука. Кога во прашање е неговиот договор тој целосно фокусиран на Серија А и Лигата на шампионите, не сака да мисли за неговата иднина. Имаме одличен однос со Рома и не е точно дека сме имале контакт со Ливерпул“, изјави агентот на голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент отк…