Дома Фудбал Англија ГО РИЗИКУВАШЕ СВОЈОТ ЖИВОТ: Снимка од полицаецот кој се обидува да им помогне на патниците во хеликоптерот!

ГО РИЗИКУВАШЕ СВОЈОТ ЖИВОТ: Снимка од полицаецот кој се обидува да им помогне на патниците во хеликоптерот!

Англија е во голем шок откако во саботата се сруши хеликоптерот на паркингот на „Кинг Пауер“ и загинаа пет лица помeѓу кои беше и претседателот на клубот Вичај Шривадханапраба кој во 2010 година го превзема англискиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Сведоците кои беа на местото на настанот изјавија дека во близина на паркингот имало двајца полицајци, а еден од нив се обидел да го скрши стаклото на хеликоптерот и да ги извлече патниците. Сепак, на крајот не се изборил со пламенот, а потоа дошло и до експлозија.

Сега на друштвените мрежи се појави снимка на која се гледа како полицаецот трча кон хеликоптерот и се обидува да помогне. После овој херојски подвиг се огласи и портпаролот на полицијата во Лестер.

„Имавме стандардна рутина на овој натпревар како и на секој друг. Колегите беа во шок кога хеликоптерот падна на паркингот и еден од нив се обиде да помогне. Беше навистина храбар и го ризикуваше својот живот. Шокиран е од се што се случи и не е познато кога ќе се врати на работа“, порачаа од полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона има ново „чудо од дете“: Погледнете како овој 11-годишник си игра со противниците (Видео)

Веќе низ години, младинската академија Ла Масија на Барселона е позната по развивањето на …