Дома Фудбал Го посакуваат клубови од Америка и Кина, но „Ел Нињо’ има само една желба

Го посакуваат клубови од Америка и Кина, но „Ел Нињо’ има само една желба

Фернандо Торес во Атлетико оваа сезона не е стандарден, но смета дека сеуште има што да даде за „јорганџиите“.

Шпанскиот напаѓач верува дека би можел да го продолжи договорот со Атлетико кој му истекува во јуни.

За некогаш најдобриот шпански напаѓач постои интерес од клубови од Америка и Кина, но како што истакна самиот Торес тој има само една желба.

„Се надевам дека ова нема да биде моја последна сезона во Атлетико. Мојата желба е да продолжам тука. Помислам дека секој нареден натпревар може да биде и последен за овој клуб, тоа ми дава дополнителна мотивација“, изјави Торес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус планира да ја зајакне италијанската основа со Леони и Палмисани

Јувентус има намера да ја обнови својата италијанска основа со младите таленти Џовани Леон…