Дома Фудбал Лига на шампиони Го победи ракот и дојде да гледа како неговиот тим ја освојува Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Го победи ракот и дојде да гледа како неговиот тим ја освојува Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Уште еден доказ што се може фудбалот.

Џордан Хендерсон имаше мотив до небото да ја освои Лигата на шампионите – во првиот ред на „Ванда Метрополитано“ седеше неговиот татко кој ја доби битката со ракот на грлото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на лекувањето таткото на Џордан Хендерсон побрал од својот син да не се гледаат додека не помине се. Канцерот бил откриен уште во 2013 година, а Хендерсон неодамна ја отвори душата и прозборе за оваа ситуација.

„Кога таткото ми кажа низ што поминува, станав човек, созреав. Зборував дека фудбалот ми е се, но кога ќе се случи нешто вакво сфаќате дека постојат многу поважни работи. Беше шокантно бидејќи претходно се немав соочено со нешто такво“.

„Горд е и не сакаше да се гледаме. Знаев дека можам да му помогнам на еден начин, да играм одлично секој викенд бидејќи знаев дека секогаш ме гледа. Тоа е поинаков вид на притисок, сакав да играм добро за да му помогнам на мојот татко да оздрави“, изјави Хендерсон.

На крајот му успеа, неговиот татко ја доби битката со тешката болест и сигурно дека бил најгорд кога го видел својот син како капитен го крева трофејот за шампион на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…