Холандскиот стопер кој како големо засилување дојде во Јувентус, Матијас Де Лихт во својата прва сезона во Италија очигледно има проблеми.
Де Лихт од стартот на сезоната, поточно од како се повреди Киелини доби место во стартниот тим на Јувентус каде што до пред неколку натпревари беше стандарден со Леонардо Бонучи. Многумина веруваа дека Де Лихт ќе добива помала минутажа кога Џордо Киелини ќе се опорави од повредата, но тоа се случи уште пред искусниот стопер да се врати на терените.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последниот натпревар како стартер Де Лихт го одигра пред еден месец во поразот од Лацио од 3:1. Во следното коло против Удинезе во игра влезе во 76 минута и од тогаш не доби ниту минута на теренот, а поминаа четири натпревари.
Местото на Де Лихт го превзема Мерих Демирал кој во Јувентус дојде летото на многу потивко. Демирал игра одлично и брзо ги освои навивачите на „старата дама“ со неговиот карактер навивачите токму во него гледаат „нов Киелини“.
Ќе видиме како ќе биде до крајот на сезоната и колку минути ќе добива скапоцениот Де Лихт кога спремен за игра ќе биде и Џорџо Киелини.