Дома Фудбал Останато Го избркаа тренерот кој направи сензација во ЛШ, а неговиот наследник издржа само 67 дена!

Го избркаа тренерот кој направи сензација во ЛШ, а неговиот наследник издржа само 67 дена!

Aнглискиот стратег Скот Паркер доби отказ во Клуб Бриж само 67 дена откако дојде во тимот.

Главната причина за отказот е катастрофалниот двомеч против Бенфика во кој неговиот тим прими вкупно седум голови. Бриж беше поразен со 2:0 во првиот натпревар, а вчера во реваншот во Португалија доживеа вистински дебакл од 5:1.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, на Клуб Бриж не му оди ниту во првенството каде што е четврти со дури 21 бод заостанување зад лидерот Генк.

„Скот Паркер не е повеќе тренер на Клуб Бриж. Клубот го доведе за нов тренер на 31-декември минатата година, а претходно работеше во Фулам и Борнмут. Во 12 натпревари на клупата Британецот забележа само две победи“, објави белскиот клуб.

Ова можеби е на некој начин признавање на грешката откако тимот пред да го доведе Паркер го отпушти Карл Хефкес кој успеа да ја помине групата во ЛШ во која беа уште Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Порто. Тој доби отказ откако Бриж во првенството изгуби 4:1 од Ст.Труден во декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…